Македонија ЃП остана без трофејот од Купот. После две сезони, го предава пехарот на некоја од екипите на Тиквеш и Воска Спорт кои се пласираа во финалето.
„Лавовите“ сега ќе треба да се борат за опстанок во финишот од првенството, а утре на гости им доаѓа шампионот – Струга ТЛ.
Дефанзивецот Коста Манев вели дека бодовите по секоја цена мора да останат во Ѓорче.
„Немаме време да жалиме за Купот, ќе го извлечеме позитивниот резултат кој го остваривме на реваншот, и со таква позитивна мисла влегуваме во борба за нјови бодови во првенството. Струга ТЛ покажа дека е ранлива, затоа во недела по секоја цена бодовите мора да останат во Ѓорче“, најавува Манев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА