Јован Манев уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма откако македонскиот дефанзивец ги одигра сите 90 минути за Адана во убедливиот триумф од 5-1 над хрватски Осијек во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА.
Тренерот Патрик Клајверт му укажа шанса на нашиот интернационалец кој максимално одговори на предизвикот, играјќи перфектно во текот на сите 90 минути. Одбраната на Адана со Манев во неа функционираше одлично, а турскиот тим единствениот гол го прими од непостоечки пенал што беше подарок за гостите од грузискиот судија.
Адана целосно доминираше од почеток до крај на овој натпревар, а покрај петте погодоци во мрежата на Хрватите домаќините во финишот не реализираа и пенал преку ветеранот Нани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

