Македонскиот репрезентативец Јован Манев по само неколку месеци минати во Осијек се враќа назад во Турција, откако неговиот клуб Адана реши да ја прекине позајмицата на нашиот дефанзивец и да го врати назад во своите редови.
Манев не беше најстандарден во Адана во првиот месец од сезоната, потоа беше испратен на позајмица во Осијек, но откако турскиот клуб го отпушти тренерот Патрик Клајверт, реши да го врати Македонецот назад во својот табор.
„Одлуката беше исклучиво на раководството на Адана, така беше и склопен договорот со Осијек. Ми беше чест да настапувам за Осијек, но Адана е мојот клуб, за кој сум врзан со повеќегодишен договор, клуб што ми има многу помогнато во кариерата. Жал ми е само што поради проблеми со тетивата не можеб да соберам повеќе настапи во хрватската лига“, изјави Манев, кој седум пати ги бранеше боите на Осијек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

