Манев: Верувам дека секој од нас ќе го даде максимумот против Италија

Македонската репрезентација вчера ги стартуваше подготовките за двата квалификациски натпревари против Италија во Скопје на 9. септември и против Малта на гости на 12. септември во квалификациите за ЕП 2024.

Дефанзивецот Јован Манев вели дека верува дека сите фудбалери ќе го дадат максимумот против Италија.

„На Италија никој не може да и се заканува. Сите знаеме за каква сила во фудбалот станува збор. Фудбалски е да се надеваме на позитивен резултат. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот. Ако не веруваме, нема да бидеме тука”, изјави Манев. 

Се вчитува...