Манев: Во фудбалот нема фаворити, мораме максимално да влеземе во мечот со Летонија

Македонската селекција одработи тренинг утрово во Скопје, по што во 16 часот со чартер лет заминува за Рига за дуелот со Летонците кој се игра во четврток (10. октомври). Во овој октомвриски прозорец „црвено-жолтите“ ќе одиграат натпревар и со Ерменија во Ереван кој е закажан за 13. октомври.

Дефанзивецот во репрезентацијата Јован Манев пред овие два меча вели дека прво цел е да ја завршат работата против Летонија, а потоа да се насочат кон мечот со Ерменија во Ереван.

„Од натпревар во натпревар има разлика, но ние не потценуваме никого бидејќи во фудбалот не постојат фаворити. Се надевам дека максимално ќе постапиме во Летонија и ќе ги освоиме трите бода, а потоа да се насочиме кон Ерменија. На ова ниво сите репрезентации се квалитетни, но ние нормално очекуваме победа“, изјави Манев. 

Се вчитува...