Маневски: Без потценување и максимално до нова победа

ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев

Вардар со предност од 3-0 влегув во вчерашната пресметка со Ла Фиорита (21:00 часот) и речиси со една нова е веќе во следната фаза од Лигата на Конференции.

Вардарци од вторникот се во Сан Марино, каде се подготвуваа за овој реванш меч, на кој ќе треба само да ја завршат работата и да го потврдат пласманот во следната фаза.

Најавите од вардаровиот табор се дека нема да се потцени противникот, ниту самиот меч и покра јтоа што се влегув во него со огромна предност, стекната на дуелот во Скопје. Така смета и Михаил Маневски, кој вели дека сега противникот е подобро запознаен и дека ќе се оди на победа и на реваншот.

„Веќе неколку дена се подготвуваме за овој реванш. Подобро сега сме запознаени со противникот. Максимално го респектираме, и без оглед на резултатот од првиот меч, влегуваме во овој натпревар како да немаме предност. Знаеме дека во првиот меч во првиот дел имавме мали проблеми на почетокот, но потоа се си дојде на свое место. Нема да ги потцениме. Мислам дека резултатот од 3-0 треба да ни овозможи полесен реванш, но во никој случај нема да се опуштиме, и ќе одиме на победа и на овој меч. Свесни сме дека никого не смее да се потцени, особено на вакви меѓународни натпревари и нема да го сториме тоа, ќе влеземе максимално за да победиме“, изјави Маневски.

Се вчитува...