Во меч од 13. коло во домашниот фудбалски шампионат, денеска на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар го пречекува Тиквеш, во натпревар во кој „црвено-црните“ ја продолжуваат битката за лидерската позиција на табелата.
За гостите, пак, ова ќе биде обид да влезат во победничка низа со која ќе излезат од опасната зона.
Вардар во овој дуел влегува по гостувањето во Битола и победата над Пелистер. Струга ТЛ вчера обезбеди нов триумф па сега Вардар треба да го стори истото за во репрезентативната пауза да влезе како првопласиран во првенството.
„Нашата серија на мечеви без пораз е се уште активна. Тоа не смее никој да го заборави. Вардар нема пораз, и според мене така и ќе остане. Нашата цел се знае. Победа на секој меч, освојување бодови, и нормално, лидерска позиција. Тоа е Вардар. Респект за Тиквеш, тимот каде што настапував пред да пристигнам во Вардар. Тоа не е тим кој што треба да е на самото дно на табелата има далеку повеќе квалитет, но сепак, според мене тоа нема премногу да ги промени нештата денеска на Арената. Вардар оди на победа како и секогаш“ – изјави Михаил Маневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

