Грчкиот фудбалер Костас Манолас е едно од потенцијалните засилувања на Манчестер јунајтед. Скаути од англискиот гигант вчера присуствувале на мечот од Серија А меѓу Јувентус и Рома (1-0) и според информациите што ги пренесоа италијанските медиуми цел на нивната посета бил Манолас. Најавите се дека Манчестер јунајтед сака да го донесе Гркот од Рома уште во јануарскиот преоден рок.
„Црвените ѓаволи“ веќе извесно време браат засилување во одбраната која е најголем проблем за тимот од „Олд Трафорд“ сезонава.
Она што му оди во прилог на Манолас е тоа што во неговиот договор се уште ја има откупната клаузула од 36 милиони евра. Во случај Манолас да ги прифати условите што му ги нуди Јунајтед, тогаш тие можат да го купат и без да преговараат со Рома, се разбира доколку се одлучат да ја активираат откупната клаузула во договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА