Европскиот првак Реал Мадрид ќе ја засили делумно одбраната за следната сезона, а тренерот Зинедин Зидан веќе го одбра можното решение. Грчкиот интернационалец Костас Манолас е пикираниот фудбалер кој би можел ова лето да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, заедно со уште неколку квалитетни засилувања во средниот ред и во нападот.
26-годишниот Манолас веќе четири сезони е во дресот на Рома, откако пристигна во 2014 година од редовите на Олимпијакос. За него „кралскиот клуб“ е подготвен да одвои 45 милиони евра.
Манолас за Рома досега има одиграно 128 натпревари и постигнато пет гола, од кој и значајниот за елиминација на Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во грчкиот национален тим тој има 34 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА