Грчкиот интернационалец Костас Манолас ја напушта Рома и за сума од 34 милиони евра прави трансфер во Наполи. Тренерот на „наполитанците“, Карло Анчелоти, инсистираше да ја засили одбраната во овој летен преоден рок и изборот падна на одличниот Манолас, кој имаше понуди и од Премиер – лигата.
Во спротивна насока, од Неапол кон Рим ќе се упати гвинејскиот интернационалец Амаду Дијавара кој е проценет на 18 милиони евра. Костас Манолас во Наполи ќе се заработува 3,5 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА