Еуфорично се расположени фудбалерите на Рома по фантастичниот триумф над Барселона и пласманот во полуфиналето од ЛШ, со кој станаа само третата екипа што се пласирала во следната рунда откако го загубила првиот меч со три гола разлика. Херој беше дефанзивецот Манолас, кој со прецизен удар со глава на десетина минути до крајот ги постави конечните 3-0.
„Не ме интересира дали сме испишале историја или не, најважно е што сме во полуфиналето, и тоа откако ја победивме најдобрата екипа во светот. Верувавме, знаевме дека можеме многу подобро иако на последните три средби не игравме како што посакуваме. Голема благодарност и до публиката, со вакви навивачи можеме да победиме секого. Форца Рома“ – истакна Манолас веднаш по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА