Мануел Куестас од Вардар на позајмица во Брера

Аргентинскиот интернационалец и член на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе премине на позајмица во АП Брера.

Со тоа „црвено-црните“ ослободија место за странец во тимот, што значи дека до крајот на преодниот рок би можеле да се засилат со уште некој фудбалер.

21-годишникот доби четиригодишен договор од црвено-црните, но не ја доби потребната минутажа. Управата му излезе во пресрет и го ослободи да собира минутажа во тимот на Брера Струмица.

Куестас е во Вардар од ланската полусезона, регистриран беше од оваа година, но не доби минутажа и во Европа и во ПМФЛ.

Се вчитува...