Мануел Нојер, добредојде во „клубот 100“

Мануел Нојер продолжува со испишување на нови страници во својата блескава кариера, па така германскиот голман синоќа против Челси стана член на ексклузивниот „Клуб 100“, на фудбалери со трицифрен број на победи во Лигата на Шампионите.

Нојер досега имаше 99 триумфи во елитното европско натпреварување, а до јубилејната 100. победа стигна токму против Челси, тимот што важи за актуелен светски клупски првак.

Тој е само четврти фудбалер со вакво достигнување, по Кристијано Роналдо со 115, Томас Милер со 111 и Икер Касилјас со 101 победа во ЛШ.

Се вчитува...