Голманот на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Мануел Нојер, денеска го одработи првиот тренинг по долгата пауза и рехабилитацискиот процес што го имаше поради скршеницата на стапалото. Тој третпат заработи скрпшеница на коската на стапалото на речиси идентично место, што само го забави процесот на опоравување. Но, сега е тоа зад него, а голманот почна со лесни тренинзи.
Нојер денеска по пауза од неколку месеци за првпат облече копачки и истрча одредена должина. Неговата мисија сега ќе биде да се подготви за настап на Светското првенство во Русија. Тој секако е првиот избор на селекторот Јоаким Лев, доколку е здрав и способен за натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА