Мануел Нојер останува во Баерн Минхен барем до 2026 година

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер потпиша нов договор. Како што пренесуваат германските медиуми, голманот на Баерн Минхен стави потпис на договор со важност до 2026 година.

„Мислам дека двете страни би биле среќни да ја продолжат соработката. Но, сега нема брзање. Прво морам да се подобрам. Се уште имам мал проблем со моето ребро“, изјави Нојер пред неколку дена.

Престојот на Мануел Нојер на Алијанц Арената речиси сигурно значи дека Александар Нибел во блиска иднина нема да се враќа на Алијанц Арената. Најверојатно ќе биде на позајмица во Штутгарт до летото 2026 година, кога би требало тогаш веќе 40 годишниот Нојер да замине во пензија, а неговото место да го преземе Нибел.

Се вчитува...