Германскиот голман Мануел Нојер доживеа нов пех, веднаш по опоравувањето од претходниот.
Нојер неодамна ја повреди потколеницата додека го прославуваше голот на неговиот тим против Баер Леверкузен. Закрепнувањето траеше неколку недели, само што се опорави и беше блиску до враќање на терените, но повторно ја обнови повредата.
Тој е под знак прашалник за дуелот против Интер во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а сигурно е дека ќе ги пропушти следните натпревари против Сент Паули и Аугсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА