После пауза од повеќе од 10 месеци, германскиот голман Мануел Нојер ќе застане меѓу диреците на еден натпревар. Тој ќе брани на утрешниот меч за Баерн Минхен против Дармштад.
Нојер е надвор од терените од јануари оваа година, откако заработи повреда на скијање. Тој заработи скршеница на ногата, по која мораше да паузира долго време, и го пропушти пролетниот дел за својот тим.
„Нојер ќе стартува утре против Дармштад. Знаеме дека ова е чекор напред за него, и за нас“, рече тренерот на Баерн, Томас Тухел.
Интересна ќе биде реакцијата на резервниот голман Свен Улрајх, кој во моментов брани во голема форма. Особено после одличната партија во Истанбул против Галатасарај, кога беше еден од најзаслужните за победата на својата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

