Мануел Пелегрини може да биде следната менаџерска „жртва“ во Премиер – лигата. Тој добил ултиматум од раководството на клубот да го победи следниот натпревар на гости против Саутемптон или во спротивно ќе добие отказ.
Вест Хем нема победа на последните седум натпревари во елитната англиска дивизија и паѓа се подолу на табелата. Поразот од Арсенал (1-3) на домашен терен сериозно ја разниша клупата на Пелегрини.
По дуелот со Саутемптон, тимот на Вест Хем ќе паузира до Боксинг Деј, со оглед дека мечот против Ливерпул кој требаше да се одигра на 12 декември е одложен поради настапот на европскиот првак на Светското клупско првенство во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА