Легендарниот аргентински фудбалски ас Диего Марадона би сакал да работи како тренер во Англија. Тој се понуди да биде менаџер на Манчестер Јунајтед, истакнувајќи дека моќе да му донесе многу трофеи на клубот од „Олд Трафорд“. Последната сезона не беше воопшто успешна за „црвените ѓаволи“.
„Ако на Манчестер Јунајтед му треба нов менаџер, тука сум и не се плашам од предизвикот. Гледам дека продаваат многу дресови и им оди бизнисот, но исто така треба да освојуваат и трофеи. Можам да им помогнам околу тоа“, изјави Диего Марадона.
Манчестер Јунајтед одлучи да го задржи Оле Гунар Солскјер на клупата и следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА