Легендарниот фудбалски ас Диего Марадона беше дел од ждребот за Светското првенство во Русија, а ја искористи шансата повторно да упати ’отровни стрели’ кон актуелниот селектор на „гаучосите“, Хорхе Сампаоли. Тој од претходно најави дека е подготвен да го замени Сампаоли на селекторската функција, па и не чуди што повторно го нападна предводникот на аргентинската селекција.
Аргентина се најде во групата Д и ќе игра против Исланд, Хрватска и против Нигерија во првата фаза.
„Мислам дека групата е релативно лесна за Аргентина. Но, само доколку нашата репрезентација не игра како во квалификациите за Светското првенство. Имаме одлични фудбалери, но мора и многу работи да се подобрат пред настапот на мундијалот“, изјави Диего Марадона, за шансите на Аргентина на Светското првенство во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА