„Марадона беше преморен од се, едноставно сакаше да умре“

Долгогодишниот пријател и менаџер на Диего Марадона, Стефано Чечи изјави дека дека легендарниот фудбалер бил уморен од се и едноставно сакал да умре.

„Сега се води истрага околу смртта на Диего. Луѓето се прашуваат што можело да се направи за да не дојде до тоа. Тоа е и суштината и приказната на животот на Марадона. Никој не го познаваше вистински. Диего престана да биде Диего на 17 години. Му беше тешко да се носи со сите работи кои го опкружуваа. Беше неверојатна личност, но секогаш му беше тешко да се навикне на некои работи надвор од теренот. Никогаш немаше мир. Секогаш имаше некои проблеми. Дури и сега кога сите плачат, останаа некои нерасчистени сметки. Во еден момент на Диего се му е смачи. Почна да вене и физички и ментално. Беше уморен и едноставно сакаше да умре“, изјави Чечи.

Чечи на крајот изјави дека верува дека Диего конечно по сите овие години го пронашол својот мир.

Се вчитува...