Марадона: Бев болен 14 години, сега е време да се „скрасам“

Легендарниот Диего Марадона, за кого е добро познато дека беше зависник од дрога и алкохол, мораше оваа година постојано да ги убедува своите фанови дека нема проблеми со здравјето откако за време на СП во Русија беше хоспитализиран.

Тој признава дека долго бил „болен“, алудирајќи на своите зависности, но сега вели дека е подготвен за нов здрав почеток во Мексико. Малку и за неверување. Но,…

„Сакам сега да надополнам за се она загубено додека бев болен. Бев болен 14 години и сега сакам да ја гледам сончевата светлина, сакам ноќе да спијам. Некогаш порано со месеци не бев легнат да спијам на кревет, многу пати не знаев за себе. Затоа сега ја прифатив понудата на мексичка Дорадоса за да се смирам и „скрасам“ некаде“ – вели Марадона, кој денеска беше промовиран на клупата на новиот клуб.

Марадона во текот на тренерската кариера ја предводеше и репрезентацијата на Аргентина, како и Ал Васл и Ал Фуџару.

Легендата на аргентинскиот фудбал неодамно беше поставен за претседател на белорускиот Динамо од Брест, но по преземањето на работата во Мексико сега сосема неизвесен е ангажманот во Белорусија.

„Сакам долго да останам во Мексико. Имав проблеми но сега чекорам напред, а сето тоа и благодарение на моите ќерки“ – вели Марадона.

Се вчитува...