Марадона бил со внукот пред да почине, последните зборови: „Ќе легнам, лошо ми е“

Легендарниот аргентински ас, Диего Армандо Марадона почина вчера на 60-годишна возраст по срцев удар во неговиот дом.

Како што пренесуваат аргентинските медиуми, Марадона последните мигови од животот ги минал со својот внук вообичаено играјќи си како и секое претпладне. Во еден момент се пожалил дека не се чувствува добро, само кратко дофрлајќи дека ќе си легне.

„Не се чувствувам добро, лошо ми е. Ќе одам да се одморам“ – се пожалил Марадона и заминал во својата соба. Тоа биле и последните зборови на легендарниот Диего.

По некое време најблиските откако виделе дека не може да го разбудат повикале брза помош која само ја констатирала смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Се вчитува...