Марадона – Битка за мистериозниот контејнер во Буенос Аирес

Фудбалските фанови ширум светот се уште жалат по Диего Армандо Марадона, додека во Аргентина неговите деца веќе ја почнаа судската постапка за распределба на богатството што фудбалската легенда го остави зад себе.

Се очекува поголемиот дел да биде поделен меѓу петте признаени деца од страна на Диего, иако највозрасните Џанина, Далма и Олива веќе подолго време беа во конфликт со својот татко. Марадона не оставил зад себе милионски суми, па се очекува најголемо богатство да претставуваат предметите со лично значење што тој ги чувал во „мистериозен контејнер“ во Буенос Аирес.

Точната локација на контејнерот, заедно со сите детали за работите во него засега не се познати за јавноста. Таму Диего чувал над 200 предмети кои му биле особено драги, меѓу нив и писмо потпишано од Фидел Кастро. Најзначајните дресови што Марадона ги носел во кариерата исто така се наоѓаат во тој контејнер, каде имало место и за два автомобили, еден од нив Ролс Ројс Гост со вредност од 300.000 долари.

Сите овие предмети на аукција сигурно би донеле заработка од над 10 милиони долари, па се очекува битката за наследството на „Дон Диего“ допрва да се разгори.

Се вчитува...