Марадона денеска слави 60. роденден – Има само една желба…

Веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња Диего Армандо Марадона денеска го слави 60. роденден. Иако е познат како човек што едноставно ужива во животот, тој својот роденден ќе го прослави на скромен начин во кругот на семејството.

Марадона во моментов е во изолација, бидејќи неговиот телохранител беше позитивен на коронавирус, а бидејќи спаѓа во групата на најзагрозени сите му посакуваат добро здравје. Сепак тој има само една желба. Во неколку наврати на шала изјави дека најголема желба за неговиот 60. роденден е ако може барем уште еднаш да и даде гол на Англија.

Два гола веќе им има дадено, а тоа се головите на Светското првенство 1986 година. Првиот гол беше легендарната „божја рака“, а вториот веројатно е најубавиот во историјата на фудбалот кога од својата половина успеа да го издрибла скоро цел тим на Англија и да донесе водство од 2-0. До крајот Гери Линекер успеа само да намали на 2-1.

 

Се вчитува...