Споменик на прославениот фудбалер Диего Армандо Марадона ќе биде откриен на 28. ноември на стадионот во Неапол, кој го носи неговото име.
Споменикот ќе биде изграден со 3Д техника на печатење, а на градот Неапол ја подарил пријателот Стефано Чечи.
„Го ветив тоа кога Марадона беше прогласен за почестен граѓанин на Неапол“, рече Чечи.
Споменикот ќе биде претставен пред натпреварот на 14. коло меѓу Наполи и Лацио. Споменикот ќе биде внесен на стадионот за да го видат сите, а потоа ќе биде сместен пред стадионот.
Стадионот „Сан Паоло“ е преименуван во стадион „Диего Армандо Марадона“ неколку дана после неговата смрт 25 ноември 2020 година.
Марадона за Наполи играше од 1984 до 1991 година, и запиша 257 настапи за клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА