„Марадона е во одлична состојба, излегува од болница за некој ден“

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона успешно се опоравува од операцијата на главата, а неговиот лекар Леполдо Луке изјави дека 60-годишникот се чувствува одлично и набрзо ќе излезе од болница.

„Диего сака да оди дома, а ние во моментов вршиме проценка на состојбата во која се наоѓа. Ќе разговараме кога ќе го пуштиме, но во моментов можам да кажам дека е во одлична состојба. Веројатно ќе го пуштиме од болница за неколку дена“, изјави Луке. 

Марадона во 2000 година за малку ќе го загубеше животот откако доживеа срцев напад предизвикан од големата употреба на кокаин, а потоа помина неколку години во рехабилитација, период во кој голем дел од времето го поминуваше во Куба.

Се вчитува...