Марадона емотивно се поздрави од својот пријател – Почивај во мир учителе мој

Томас Фелипе Карловиќ, човекот кој Диего Армандо Марадона своевремено го нарече најдобар на светот почина на 74-годишна возрас. Ел Тринче беше во индуцирана кома во болница, откако едно момче го нападна пред неговиот дом удирајќи го во глава, а денеска им подлегна на повредите.

Колку му значеше Карловиќ на Марадона покажува тоа што славниот фудбалер веднаш се огласи на социјалните мрежи и се прости од неговиот пријател.

„Твојата скромност на сите ни беше поука, мил Тринче. Не можам да верувам дека веќе те нема. Неодамна се видовме, а сега отиде. Мое сочувство до семејството, се надевам дека правдата ќе биде задоволена. Почивај во мир учителу мој“, напиша Марадона. 

Се вчитува...