Марадона ги избришал ќерките и екс-сопругата од тестаментот

Ужасната сапуница по смртта на Диего Армандо Марадона денеска имаше уште една епизода, откако беше објавено дека легендарниот фудбалер од својот тестамент ги избришал долгогодишната сопруга Клаудија, како и ќерките што ги имаше со неа, Далма и Џанина.

Весникот „Кларин“ објави дека Аргентинецот ја донел одлуката додека се наоѓал на одмор во Дубаи, по конфликтот што го имал со сопругата Клаудија Вилјафане, со која мина 24 години во брак. Проблемот настанал кога тој дознал дека од сметката му исчезнале шест милиони долари, но и дека му недостигаат 458 сувенири што ги собирал низ кариерата.

За целиот случај тој дури и ја тужеше Клаудија, ќерките застанаа крај својата мајка во случајот, поради што Марадона ги прекина односите со нив и ги избриша од тестаментот.

Се вчитува...