Легендарниот аргентински ас Диего Марадона дојде на „Сантијаго Бернабеу“ како специјален гостин на неговиот некогашен тим Наполи и одржа мотивирачки говор во соблекувалната пред почетокот на дуелот со Реал Мадрид, но италијанскиот тим сепак загуби од „кралскиот клуб“ со 3-1. Иако Инсиње прв ја затресе мрежата на Кејлор Навас, сепак, возвратија Бензема, Крос и Кашемиро.
Наполи добро се држеше во првото полувреме, но потоа сепак попушти во одбраната, а повеќе од јасно е дека Наполи во овој момент нема фудбалер со квалитетите на Диего Марадона. Но, поразот од два гола разлика им остана надеж на „наполитанците“ дека со жешката атмосфера во Неапол ќе можат да го елиминираат актуелниот европски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА