Марадона го продолжи договорот со Химназија

Легендарниот Диего Армандо Марадона го продолжи договорот со аргентинскиот клуб Химназија ла Плата до крајот на сезоната 2020/2021. Марадона кормилото на клубот го презема во септември 2019 година кога беше во тешка криза и се наоѓаше на дното на првенствената табела.

Предводена од Марадона, Химназија успеа малку да се опорави забележувајќи седум победи, пет нерешени, но се уште се наоѓаше во зоната на испаѓање. Сепак, среќна вест за тимот беше таа што Фудбалската федерација на Аргентина во април одлучи да прогласи крај на сезоната поради пандемијата од коронавирусот и да донесе одлука да нема испаѓање од елитата сезонава. Тоа значи дека Марадона и следната сезона ќе ја предводи Химназија во првата фудбалска лига на Аргентина.

 

Се вчитува...