Диего Армандо Марадона се скраси на тренерски план во втората мексиканска лига, но затоа Аргентинецот доживеа колапс од љубовен аспект, по прекинот на врската со 28-годишната Росио Олива. Девојката која е 30 години помлада од „фудбалскиот бог“ го освои срцето на Диего, кој пред пет години ја побара за жена, до свадба не дојде, но Марадона потроши околу еден милион долари за да и купи куќа на Олива.
Во неа двајцата живееја до неодамна, кога Аргентинецот мораше да замине во Мексико, но во меѓувреме дошло до сериозен конфликт поради кој врската е прекината. Како што јавуваат јужноамериканските медиуми, Олива го избркала Диего од куќата што тој и ја купил, јасно ставајќи го знаење дека нема да се повторат ситуациите од минатото, кога конфликтите биле решавани, а врската сепак продолжувала.
Росио Олива важи за вжештена навивачка за Ривер Плата, Марадона е фанатик кога станува збор за Бока јуниорс, па не се исклучува ниту можноста причина за конфликтот да биде фудбалското ривалство, кое во Аргентина е на ниво на лудило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА