Марадона и Ванда Нара – ноќта кога се тресеше мебелот во цел хотел

За името на големиот Диего Армандо Марадона низ годините беа поврзувани бројни случки и анегдоти. По неговата трагична смрт, аргентинската јавност се потсети на случката на славниот фудбалер со Ванда Нара, сегашната сопруга на Мауро Икарди, со која Диего наводно минал бурна вечер.

За случката уште пред неколку години говореше познатата аргентинска актерка Мирта Легранд, која била сместена во истиот хотел со Марадона.

„Бев аудио-сведок на целата случка. Бев сместена во претседателскиот апартман, кога доаѓав разбрав дека Диего ја има собата до мене. Не знам што правеа, но таа ноќ се тресеше мебелот во целиот хотел. Како знам дека тоа била Ванда? Следното утро ми пријде и ми побара автограм, јас ја прашав дали е таа девојката што била цела ноќ со Марадона, од која не можев да спијам, а Ванда само поцрвене од срам. Таа случка ќе ја паметам цел живот“, откри Легранд.

Се вчитува...