Марадона има одличен предлог за Покетино

Легендарниот Диего Армандо Марадона смета дека неговиот сонародник, Маурисио Покетино би требалода го преземе најголемиот клуб во светот Бока Јуниорс. Покетино го напушти Тотенхем минатиот месец и од тогаш се уште е без нов ангажман. Неговото име се поврзуваше со Арсенал, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, но големиот Марадона има друг предлог за него.

„Бока мора да доведе стратег кој ќе може да одговори на предизвикот. Не е лесно да се биде предводник на најголемиот клуб во светот. Најдобро би им било да го доведат Марадона. Сепак, јас нема да одам таму. Затоа може моето место да го преземе Покетино“, изјави Марадона. 

Покетино отказ од Тотенхем доби на 19. ноември, а веќе следниот ден го замени Жозе Мурињо.

Се вчитува...