Марадона итно во болница поради внатрешно крварење!

Диего Армандо Марадона ќе го пропушти стартот на сезоната во мексиканскиот фудбал од здравствени причини, откако аргентинската легенда беше задржана во клиника во татковината поради внатрешно крварење.

Имено, Марадона жалејќи се на здравствени проблеми заминал во клиника во Оливос, град во близина на Буенос Аирес. Прегледите требало да бидат рутински, но откако било утврдено крварење тој бил задржан на дополнителни анализи.

Неговиот агент се обиде да ја намали тензијата со најава дека Диего наскоро ќе дојде назад во Мексико, но информациите од Аргентина велат дека тој уште најмалку неколку дена ќе остане во Оливос, додека не биде утврдена точната причина за новиот проблем со кој Марадона се соочува.

Се вчитува...