Марадона издржа два месеци, па си замина од Гимназија

Неполни два месеци траеше авантурата на Диего Марадона како тренерот на Гимназија Ла Плата откако аргентинскиот стратег денеска си поднесе оставка од функцијата. Причина не се резултатите, туку фактот дека на претседателските избори закажани за следниот викенд нема да се кандидира актуелниот предводник на Гимназија, Габриел Пелегрино, кој го доведе Марадона во клубот.

„Марадона веќе не е тренер на Гимназија. Тој самиот си поднесе оставка бидејќи дојде како дел од еден проект, што повеќе нема да постои“ – изјави претседателот на клубот.

Во моментот на неговото доаѓање Гимназија беше „фенерџија“ на табелата, но Марадона успеа да стигне до три победи на осумте средби на чело на тимот, помагајќи да се побегне од дното.

Се вчитува...