„Марадона изврши самоубиство, убеден сум во тоа“

Диего Армандо Марадона извршил самоубиство, тврди неговиот поранешен доктор Алфредо Кахе во изјава за аргентинскиот весник „Ла Насион“. Според него, фудбалската легенда веќе подолго време се наоѓала во лоша психолошка состојба, сериозно размислувајќи како да си го одземе животот.

Марадона изврши самоубиство, убеден сум во тоа. Последниот пат кога го видов беше во длабока депресија, а состојбата не му се подобри ниту во последните месеци од животот. Се обидов да го видам кога беше во клиниката по операцијата на мозокот, не ми беше дозволено. Јасно е дека луѓето околу него не се грижеа најдобро за Диего, не му го дадоа третманот што го заслужуваше. Зборував и со една од жените со кои беше најблизок до самата смрт, таа само ми го потврди она што веќе го знаев – Марадона веќе не гледал причина за живот, цело време повторувал дека е изморен од се што му се случува“, тврди Кахе.

Официјалната причина за смртта на Диего Армандо Марадона е срцев удар, но крај неговото тело биле пронајдени неколку различни видови на лекови.

Се вчитува...