„Марадона ќе беше жив, брзата помош доцнеше половина час“

Адвокатот на Диего Марадона, Матијас Морла упати сериозни обвинувања кон брзата помош на која и требало да дојде половина час до куќата на легендарниот фудбалер. Тој смета дека доколку амбулантното возило стигнало на време тој се уште ќе бил жив.

„Што се однесува до извештајот од обвинителството, незамисливо е што цели 12 часа мојот пријател не доби внимание од здравствените работници. На амбулатното возило му беше потребно повеќе од половина час да стигне. КРИМИНАЛЕН ИДИОТИЗАМ. Ќе се борам до крај да ја докажам правдата, сепак Диего ме нарекуваше „неговиот борец““, напиша адвокатот на Марадона, Матијас Морла. 

За потсетување најголемиот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона почина на 25. ноември на 60 годишна возраст.

 

Се вчитува...