Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона му се враќа на тренерскиот занает откако ја прифати понудата на Ал – Фуџаира, тим од втората лига во првенството на Обединетите Арапски Емирати. Тој во наредниот период ќе го предводи тимот што има амбиции да се избори за елитата, каде што е и македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски, на кормилото на Хата. Тој вчера доби нов договор од клубот и ќе биде тренер на Хата и следната сезона.
„Ова се моите нови клупски бои. Ќе бидам тренер на Ал – Фуџаира“, објави Диего Армандо Марадона.
Аргентинецот во 2012 година беше тренер на Ал – Васл во Обединетите Арапски Емирати, а сега повторно се враќа во оваа земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА