Марадона: Ќерката сака да ме умре, сите пари ќе ги дадам во хуманитарни цели

Диего Армандо Марадона јавно влезе во конфликт со својата ќерка Џанина Марадона, која преку социјалните мреи обелодени дека „Диего умира одвнатре без воопшто да забележи“.

„Дали се сеќавате дека имаше зоолошка градина каде можеше да се сликате со голем лав. Тој не беше нескротлив, па на крајот го препарираа. Секоја сличност се реалноста е чиста случајност. Молете се за него“ – напиша Џанина на својот профил на социјалните мрежи.

Очекувано, не се чекаше многу на одговор од легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал.

„Не умирам, работам напорно и спијам убаво. Ме болат само поразите со мојата екипа. Џанина можеби сака да ме уумре, не знам што сакале да каже, но треба да знае дека нема да добие ниту цент од мене. Кога ќе умрам, ќе ги донирам сите пари во хуманитарцни цели. Не очекувам тоа да се случи наскоро бидејќи се чувствувам здрав“ – порача Марадона.

Се вчитува...