Диего Марадона навиваше со голема страст, бурно го прослави победничкиот гол на Маркос Рохо (2-1), а потоа и само што не колабираше на трибините од преголема радост. Мораше со придружба да замине во ВИП – ресторанот на стадионот во Санкт Петербург, за да се соземе од преголемиот напор. На крајот, заврши во најблиската болница, каде лекарите мораа да го стабилизираат неговото здравје. Очигледно дека Марадона премногу сакаше Меси и другарите да го продолжат престојот на Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА