Марадона Куп: Бока ја совлада Барса на пенали

Премиерното издание на „Марадона Куп“ во чест на Диего Армандо Марадона, се одигра во Ријад, а се сретнаа Бока Јуниорс и Барселона. И покрај тоа што трае првенството во Шпанија, Барса се одлучи да отпатува и да го одигра овој меч во чест на легендарниот Аргентинец.

После 90. минути резултатот беше 1:1. Барса поведе преку Хуругула, а Зебалос израмни.

Во пенал серијата поуспешна беше Бока со 4-2, откако Хаиме и Переира не реализираа за Барселона. За овој тим „второ деби“ имаше Дани Алвеш кој одигра 45 минути и веднаш ја превзеде капитенската лента.

Се вчитува...