Марадона, Меси и Буфон навиваа за богатиот шеик, ама се се заврши со демолиран телевизор (ВИДЕО)

Арапскиот шеик и советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, Турки Ал-Шеих благодарение на своето богатство запозна многу фудбалски ѕвезди со кои последниве години е во одлични односи.

Ал-Шеих, кој инаку е и сопственик на Алмерија, за време на пандемијата на коронавирусот организираше онлајн турнир на Плејстејшн од кој целиот приход ќе оди во добротворни цели. За овој потег, изминативе денови доби голем број пофалби од фудбалските ѕвезди како Лео Меси, Џанлуиџи Буфон, Диего Марадона, Роналдо…, кои и навиваа за богатиот шеик.

Но, кога дојде моментот да се игра, Ал-Шеих не се прослави нешто посебно затоа што сето тоа заврши со демолирање на телевизорот откако прими гол.

Се вчитува...