Марадона: Не сум волшебник, но…

Легендарниот Диего Армандо Марадона истакна дека е среќен човек откако се врати во родната Аргентина. Легендарниот Аргентинец ја презема Гимназија на почетокот на септември, враќајќи се во фудбалот во својата родна земја по 24 години.

„Сакам да им се заблагодарам на сите. Не сакам да го напуштам клубот, бидејќи момците мора да тренираат и да почнат да победуваат. Не сум волшебник, но имам искуство во фудбалот повеќе од 40 години, што е доволно“, изјави Марадона. 

Тимот на Марадона изгуби на неговото деби од актуелниот шампион со 2-1.

Се вчитува...