Марадона нема мир и по смртта: Момче кое тврди дека му е син бара ексхумација

Диего Армандо Марадона синоќа беше погребан во Аргентина, но веќе денеска нема мир и по својата смрт.

Сантијаго Лара, кој веќе две години тврди дека е шесто дете на Марадона, бара да се ексхумира телото на легендарниот фудбалер. Тоа го бара за да се направи ДНК анализа по која би се докажале неговите тврдења.

„Само сакам да знам кој сум. Не сакам никаква финансиска корист. Неколку денови пред својата смрт, кога и беше тргнат респираторот да може да прозбори, мојата мајка пред група адвокати ми кажа дека сум син на Диего“ – тврди Сантијаго.

Адвокатот на Сантијаго Лара вели дека сакаат само телото на Марадона да се пренесе на преглед, по што веќе следниот ден ќе бидат познати резултатите од тестирањето. Имаат поднесено официјално барање до суд па сега се очекува епилогот од целата приказна од која не се исклучува можноста Сантијаго на крај да биде во право.

Се вчитува...