Марадона нема тестамент – Почна „тепачката“ за неговото богатство

По смртта на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, остануваат многу проблеми, особено околу тоа кој ќе го наследи богатство на Марадона, кое се проценува на околу 50 милиони долари.

Според последните информации, легендарниот Аргентинец беше сопственик на фабрика во Венецуела, луксузен хотел во Хавана, автомобили и накит, неговото богатство главно се состои од бројни станови и куќи во елитните делови на Буенос Аирес.

Аргентинските медиуми пишуваат дека се пријавиле 16 членови на семејството на Марадона кои го сакаат свој дел од наследството, но проблемот е во тоа што Диего не оставил тестамент за наследници на неговиот имот.

Марадона законски призна пет деца, а медиумите велат дека тој има 11 деца добиени од седум различни жени. Правните деца имаат право на наследство, а оние кои не се признати сега бараат генетски тестирања за да докажат дека се негови потомци.

Се вчитува...