Марадона: Новиот селектор може да ја води Аргентина само на СП во мотоциклизам

Фудбалската репрезентација на Аргентина за селектор го има Лионел Скалони, а тоа не му се допаѓа на легендарниот Диего Армандо Марадона. Тој нема влакна на јазикот, па на Скалони му упати интересна порака.

„Во Аргентина имаме некое ново момче Скалони. Не е негова вина што го наместиле на таа позиција, но тој е само како истурен пешак во шахот. Проблемот е што од себе сака да направи тренер и потоа да ја води Аргентина на мундијал. Не, пријателе, ти можеш да ја водиш Аргентина само на Светско првенство во мотоциклизам“, изјави Марадона.

Легендарниот ас сега е тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос, а во својот тим сака да го доведе и Јусеин Болт.

 

Се вчитува...