Диего Марадона беше најавува како спасител на Гимназија, но тренерскиот ангажман на Аргентинецот во татковината се претвори во фијаско. Тој не само што ја продолжи губитничката серија на својот претходник, туку во меѓувреме влезе во конфликт и со повеќе од половина првотимци, прекомандувајќи седум фудбалери да тренираат со младинците.
Аргентинските медиуми јавуваат дека Марадона решил да се откаже од услугите на Џонаџан Чакон, Гилјермо Енрике, Лукас Мигез, Хуан Каталди, Калил Карабалјо, Ерик Рамирез и Лукас Калдерсон, кои нема да настапат следниот викенд за Гимназија. Станува збор за пресметка со претпоследниот Годој Круз, меч на кој со победа Гимназија би можела да побегне од „фенерот“ на табелата.
Во претходните три кола под водство на Марадона оваа екипа претрпе порази од Расинг, Талјерес де Кордоба и Ривер, а евентуален неуспех може да придонесе легендарниот Аргентинец да добие отказ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА