Марадона повторно итно хоспитализиран поради внатрешно крварење

Легендарниот Диего Марадона повторно итно е хоспитализиран по минатонеделната хируршка интервенција која ја имаше поради влошување на здравствената состојба.

Минатата недела Марадона имаше лекарска интервенција по откриеното крварење во желудникот, а како што пренесуваат аргентинските медиуми проблемите продолжуваат и понатаму за легендата на светскиот фудбал. Повторно е хоспитализиран поради ново крварење во желудникот.

Овие проблеми за Марадона се поради неговиот обид за отстранување на вишокот килограми на вештачки начин во 2005 и во 2015 години кои го оштетиле неговиот желудник.

Вчера морал на нова операција во Буенос Аирес за да се запре внатрешното крварење. Операцијата траела околу еден час и се минало во најдобар ред. Марадона ќе остане во болница неколку денови, а потоа повторно ќе биде на домашно лекување.

Се вчитува...