Аргентинската старлета Ванда Нара стана позната во фудбалскиот свет откако го откачи Макси Лопез за неговиот тимски колега Мауро Икарди. Таа сега е и менаџерка на голгетерот на Интер, а во меѓувреме се најде во центарот на вниманието на аргентинската јавност и поради наводната врска што пред неколку години ја имала со најголемиот аргентински ас, Диего Армандо Марадона.
На оваа тема се шпекулираше веќе извесно време, а денеска беше потврдена и од страна на прославената аргентинска ТВ-водителка Мирта Легранд, која се присети на случката кога првпат се сретнала со Ванда Нара.
„Имав ручек во хотелот Коста Галана во Мар дел Плата и непосредно пред да почнам со снимање ми пријде Ванда. Беше полна со себе, ме праша зошто не сум ја поканила за гостинка во моето шоу. Ја прашав која е таа, дали е таа што излегуваше со Диего Марадона, бидејќи од неа не можев да спијам претходната вечер. Бев во претседателскиот апартман, нивната соба беше веднаш до мојата… не знам дали преместуваа мебел или што друго правеа, но буката беше неверојатна. Таа само се насмевна на тоа што и кажав, се сврте и си замина“ – истакна Легранд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА